| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Потребни се уште една милијарда долари за борба против еболата

ебола
Донаторските земји треба да обезбедат дополнителни една милијарда долари за надминување на еболата и справување со последиците од тој вирус во Западна Африка, изјави специјалниот пратеник на ОН за борба против еболата, Дејвид Набаро.
– Катастрофалното ширење на болеста е намалено, истакна Набаро за време на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос.
Бројот на новите заразени случаи во Либерија е драстично намален. Пад е забележан и во Гвинеја и Сиера Леоне. Овие три земји се најзагрозени од епидемијата на смртоносниот вирус.
Набаро, сепак, предупреди дека е многи рано да се зборува за крај на епидемијата. Тој нагласи дека досега донаторите обезбедиле една милијарда долари за програмата за борба против вирусот, но потребни се уште толку.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top