Македонија загуби во четвртото коло на светското првенство во Катар од репрезентацијата на Хрватска со 26-29 и со тоа ги загуби сите шанси за првото место на табелата.
Најдобриот играч кај „коцкестите“ и најдобар светски ракометар Домагој Дувњак одигра одличен натпревар, постигна пет гола, сите во второто полувреме, и беше важна алка во одбраната на чело со голманот Мирко Алиловиќ. Тој по натпреварот се заблагодари на македонските ракометар за одличниот и пред се фер натпревар.
– Овој натпревар беше вистински спектакл за љубителите на ракометот во Катар. Честитки до македонските ракометар за фер и коректниот натпревар. Тие денеска покажаа дека се голема репрезентација. Лошо го започнавме натпреварот, имавме четири голови негатива, но по тајмаутот на селекторот Голужа ги консолиридавме редовите и се си дојде на свое место. Овој натпревар го победи одбраната на чело со Алиловиќ кој беше фантастичен во клучните моменти. Во нападот ги искористивме шансите кои ни ги пружи токму Алиловиќ и дојдовме до посакуваната победата – изјави Домагој Дувњак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.