Има ли воопшто компири во помфритот на „Мекдоналдс“? Зошто во него има цели 17 состојки?
Во две нови видеа, оваа недела, гигантот во сферата на брза храна,ја крена завесата за начинот на кој го прави помфритот и за состојките во него, за да ги отфрли митовите околу еден од најпопуларните производи.
Видеата се со учество на поранешната ѕвезда од „Ловци на митови“, Грант Имахара и се дел од обидите на „Мекдоналдс“ да одговори на прашањата за квалитетот на храната и транспарентноста.
Излегува дека во помфритот навистина има компири. Што се однесува до бројот 17, во однос на состојките, тоа е мит. Нивниот број е 19.
Покрај различните видови на масти, листата вклучува уште неколку хемикалии кои имаат различни функции. Една од нив додава вкус, друга прави маснотијата во која се пржи, да не прска, трета спречува компирот да добие кафеава боја. Меѓу овие состојки има и конзерванси, објаснува Имахара.
Видеото ни ја покажува и компанијата „Simplot“, која го снабдува со компири на „Мекдоналдс“s во САД, каде службеничка го покажува производствениот процес. Целите компири се придвижуваат на подвижна лента, пред да бидат исфрлени во цевка под висок притисок со брзина помеѓу 100 и 110 км/ч, каде поминуваат низ рендиња, за да ја добијат нивната позната форма.Потоа тие минуваат дополнителна обработка за контрола на бојата, преку декстроза и за спречување на нивно посивување по замрзнувањето, што се прави со посредство на натриум пирофосфат. По овој процес компирчиња делумно се пржат, со цел добивање на нивната крцкава површина, по што се замрзнуваат. Крајната подготовка пред консумацијата, се прави во рестораните на „Мекдоналдс“.
На крајот,според компанијата, се покажа дека во компирчиња на „Мекдоналдс“ има компири … и 18 други состојки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)