| четврток, 6 декември 2018 |

Почна судењето за убиството на Ангел Петковски

Во Основниот суд во Скопје денеска започна судскиот процес против Насер Ештерфи, обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски од населбата Ѓорче Петров.

Судењето требаше да започне пред Нова година, но се одложи поради ангажман на неговиот нов адвокат во друг судски процес. Дали обвинетиот ќе се брани на убиство во самоодбрана, адвокатот не сакаше предвреме да открие.

Naser Esterfi 3 (Custom)

Насер Ештерфи

Според обвинителството, осомничениот Насер, на 19 мај влегол во дворот на семејната куќа на семејството Петковски со намера да го украде велосипедот по што избегал.

Потоа, Ангел и неговиот таткото тргнале по него и го стасале кај пешачкиот мост што води кон Сарај, тука според обвинителството Ештрефи го прободел Ангел со нож.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top