Државната комисија за спречување на корупција во интерес на фактите и правото на граѓаните да добијат релевентни информации го издаде соопштението за имотната состојба на пратеникот Петре Шилегов.
Според соопштенитено на ДКСК, Петре Шилегов по изборот за пратеник во Собранието на Република Македонија, на ден 09.06.2014 година има поднесено анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупцијата. Податоците добиени од пратеникот се објавени на веб-страницата на Државната комисија такви какви што се дадени и според нив пратеникот Шилегов како сопствен имот има стан и куќа, а неговата сопруга остварува закупнина без да биде наведено дека сопругата поседува каков и да е недвижен имот.
-Истиот пратеник, на ден 20.01.2015 година до Државната комисија достави писмено известување во кое бара Државната комисија „да изврши исправка на податоците“ дека пријавената закупнина е негов личен имот, а не на неговата сопруга и дека пријавените банкарски депозити и наведениот долг се на негово име, а не на име на сопругата. Како прилог пратеникот доставува документи од кои се гледа дека и станот и договорот за закуп се на негово име уште во времето кога е поднесен анкетниот лист. Нејасно е зошто пратеникот во поднесениот анкетен лист дал контрадикторни податоци, стои во соопштението.
Она што паѓа во очи е потребата на Петре Шилегов тоа да го прикаже како грешка на Државната комисија, па во дописот од 20.01.2015 година бара Државната комисија да се корегира, иако за тоа не постои реална основаност односно не е направена никаква грешка, туку се пренесени податоците од анкетниот лист поднесен од пратеникот.
-За целосно информирање на јавноста Државната комисија потврдува дека податоците од анкетните листови што ги објавува на својата ВЕБ страница произлегуваат од поднесокот што го дава законскиот обврзник и каква е да е промена врши по поднесена пријава од обврзникот, велат од Комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Шилегов дозволил плаќање на рати на комуналиите за зградата кај „Мајчин дом“