| четврток, 6 декември 2018 |

Запленети 11 тони дрога во Авганистан

279869-drugs-1319350830-829-640x480

Авганистанската полиција во провинцијата Пактија, во источниот дел на земјата, уапси шестмина трговци со дрога и заплени 11 тони дрога. Како што објави агенција „Pazhwak“, дрогата е запленета за време на планирана специјализирана операција. Станува збор за 1.85 тони опиум, а остатокот е хашиш.

pcg-seizes-120-kg-hashish-7-kg-opium-1378350606-8953

Според агенцијата, во последните две години полицијата во Пактија, има запленето околу 100 тони различна дрога и уапсени се 80 наркодилери.

Пред три месеци полицијата во оваа провинција успеа да уапси четворица шверцери на дрога,од кои беа запленети 700 килограми дрога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top