| четврток, 6 декември 2018 |

Дрон ја надлета Елисејската палата

Дрон ја надлета Елисејската палата во ноќта меѓу 15 и 16 јануари, соопшти денеска претседателството на француската република, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Информацијата ја објави телевизијата И-Теле и таа беше потврдена од Елисејската палата.

Надлетувањето траело неколку секудни околу 2 часот изутрината  и станувало збор за мал хеликоптер со четири елиси. Дронот бил забележан од полицајците кои работат на обезбедувањето на палатата, по што тој одлетал кон плоштадот Конкорд.

Јавното обвинителство на Париз отвори истрага за „водење на летало кое не е во согласност со безбедносните правила“, Истрагата е доверена на жандармеријата задолжена за воздушен превоз, која има создадено ќелија која води истраги за дроновите.

Според И-Теле хипотезата за евентуален терористички акт е отстранета и дека леталото било со мал дострел и за чие водење е потребно мало растојание, тоа било премногу лесно за да може да понесе експлозив, но тоа можеби било опремено со камера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top