Гаел Монфис е магнет за тениската публика, а повторно покажа дел од својата магија со која успева да ги забавува гледачите и да победува на врвните турнири. Во маратонски меч од првата рунда на Австралија опен, што траеше два часа и 51 минута, францускиот ас го совлада својот сонародник Лукас Пује.
Се играше во пет сета, а Монфис направи голем пресврт, откако имаше негатива од 0-2 во сетови и победи со 3-2. Сличен подвиг, но по негатива од 1-2 направи и Канаѓанецот Вацлав Поспишил во дуелот со Сем Квери. Иако претрпе вистинска канонада од ривалот и се соочи со 24 ас сервиси на Квери, Поспишил возврати со 20 аса и се пласира во следната рунда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.