| четврток, 6 декември 2018 |

Сарканис: Иднината на Македонија е во ЕУ

Една земја не може да ги реши проблемите и не носи самата решенија дури и да е во својство на претседавач со ЕУ. Старегијата на заедничките одлуки е таа која што преовладува во сите области и сите политики на ЕУ. Ние сме наклонети кон политиката на проширување и ќе бидеме среќни кога ќе ја видиме Македонија да биде земја членка на ЕУ, затоа што според нас иднината на целиот Балкански регион е поврзана со ЕУ, изјави Алберт Сарканис, амбасадор на Летонија кој денеска во Скопје ги претстави приоритетите од Летониското претседавање со ЕУ за периодот јануари-јуни 2015.

– Летонија не е голема земја. Ние овој пат го постигнавме преку преговори по сите поглавја кои што беа неопходни да се испорачаат и да се исполнат. Во тој контекст многу е важно внатре да си ја завршите работаат на домашен терен. Ова е многу болна работа затоа што преземате структурни реформи за обезбедување една функционална економија во најголем дел поврзана и со прашања со владеење на правото, функционално граѓанско општество, функционални владини институции. Сето ова е дел од една внатрешна политика, но многу е важно за самите стратешки прашања да подтигнувате консензус меѓу партиите на власт и оние во опозиција, затоа што сите граѓани се дел од земјата, порача Сарканис на новинарско прашање што може да направи Летонија за старт на преговорите на ЕУ со Македонија.

Запрашан колку е можно да се очекува да се отстрани грчката блокада на македонските евроинтеграции амбасадорот Сарканис вели дека е запознат со проблемот и вели потребно е повеќе енергија и идеи за негово решавање и работа на билатерален план не само на ниво на влади, туку и на ниво на граѓански општества, на научници историчари кои треба да дојдат до заеднички решенија.

– Никој од страна не може на маса да ви стави нешто што вие треба заеднички да го сработите. Не е во самата природа на ЕУ да ви налага – ова мора да го направите на тој начин, рече Сарканис.

Во однос на посетата на еврокомесарот за преговори за проширување и добрососедски односи Јоханес Хан, амбасадорот Аиво Орав ја најавува за крајот на февруари, но се очекува претходно почнување на политичкиот дијалог, а засега, вели, опозициската СДСМ е надвор и од Парламентот.

Инаку, како клучни приоритети Сарканис ги изнесе конкурентност, дигитализацијата и ангажираноста на Европа во чии рамки спаѓа и проширувањето.

Летонскиот амбасадор приоритетите на неговата земја во претседавањето со ЕУ утре ќе ги претстави пред собраниската Комисија за европски прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top