| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Лопез ги покажа своите плочки (фото)

00038889

Фотографиите кои ги гледате денес, сигурно ви се чини дека се обработени со фотошоп и не ви се верува, дека една 45 годишна жена може да изгледа толку совршено на таа возраст. Фотографиите не се обработени, нема визуелна измама, тоа е самата Џенифер Лопез!

Блескавата поп изведувачка е меѓу највлијателните дами од јужноамериканско потекло во светот. Лопез секогаш демонстрира самодоверба и повеќе пати признала дека си се допаѓа таква, каква што е. Таа е позната по нејзиниот сочен заден дел, но ѕвездата може да се пофали и со рамен стомак.

Пред само една недела, Џенифер се појави на афтер забавата на наградите „Златен глобус“, облечена во бел фустан со „cut out“ елементи, кои го откриваа рамниот нејзиниот стомак. Мајката на близнаците Макс и Еме, успеа да ги собере сите погледи со едноставен, но стилски спортски аутфит.

24D2DEB800000578-0-image-m-13_1421626638427

Таа беше фотографирана како зборува по телефон во Беверли Хилс. Секојдневната визија на Џенифер се состоеше од сива тренерка, црна блуза и црни патики на платформа. Благодарение на кратката блуза, успеавме да се восхитиме на плочките на стомакот и нејзината стегната фигура. Латино дивата изгледа секси дури и облечена во спортска тоалета. Косата и беше врзана во коњски реп и со сончевите очила.

24D2DEF600000578-0-image-m-8_1421626605363

Џенифер не негира дека напорно тренира за да биде во форма и за никого не е тајна дека таа работи само со најдобрите тренери. Еден од нив е Гунар Петерсон, кој е неверојатно строг, но во исто време умее да ги мотивира и најкаприциозните дами. Гунар сподели дека во тренинзите со Лопез, задолжително користи тегови. За долниот дел од телото залага на основни вежби, како склекови.

24D2DEA800000578-0-image-m-32_1421626879966

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top