| четврток, 6 декември 2018 |

Водици прославено во Гевгелија

гевгелија

Саше Трајков од Гевгелија го извади чесниот крст од осветената вода на реката Вардар на денешниот Богојавленски собор на кој присуствуваа неколку илјади гевгеличани и гости од соседна Грција.

– Пресреќен сум што меѓу четириесетина учесници токму мене ми се посреќи да го фатам чесниот крст. Мојата радост и верба во Бога е голема и со светиот крст ќе ја пронесам во сите христијански домови во општина Гевгелија – изјави Трајков.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов му честиташе Саше Трајков и му подари лап топ компјутер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top