Проруски активисти на истокот на Украина соопштија денеска дека ја презеле контролата врз аеродромот во Донецк, по повеќедневни интензивни судири, но украински претставници не потврдија дека владините сили се повлекле.
Лидерот на проруските активисти Александар Захарченко рече рано утрово на прес конференција дека силите ја презеле контролата врз аеродромот.
Ова упориште на проруските активисти беше потресено со интензивна размена на оган од артилериско оружје од украинските сили во текот на изминатиот викенд, додека жестоки борби се водеа за аеродромскиот терминал и околните области.
Во судирите загинаа најмалку 14 лица од кои 10 цивили и четворица украински војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)


