Лицето кое се смета за мозокот на џихадистичката ќелија којашто ноќта меѓу четвртокот и петокот минатата седмица беше разбиена во Белгија и натаму е во бегство, потврди во неделата белгискиот министер за правосудство Кен Геенс, кој повторно демантираше дека тоа е меѓу четворицата уапсени во саботата во грчката престолнина Атина.
Белгискиот министер за правосудство Коен Геенс, зборувајќи за апсењата од саботата во Атина во рамките на опширната истрага за терористичката џихадистичка ќелија разбиена во Белгија, изјави дека „апсењата од саботата навечер не го обезбедија главното лице, кое и натаму активно го бараме“.
Според белгиските медиуми, Абделхамид Абаду, 27-годишен Белгиец со мароканско потекло кој се борел во редовите на џихадистичкото движење Исламска држава во Сирија, е шефот на ќелијата којашто ги планирала нападите врз полициските станици и полицајци низ цела Белгија.
Белгиското сојузно државно обвинителство коешто ја води истрагата по разбивањето на терористичката група, претходно во неделата веќе наведе дека не постои никаква поврзаност меѓу апсењето на четворицата Мароканци во Грција и разоткриената џихадистичка ќелија во Белгија.
Во неделата неименуван извор од грчката полиција ги оспори првичните информации за апсењето на четири лица, и наведен дека станува збор за две приведени лица во саботата во Атина во рамките на белгиската истрага. Грчките медиуми во саботата пишуваа дека грчката полиција добила налог за приведување на Мароканците од Европол, по информации на белгиското и американското разузнавање дека џихадистите во Белгија добивале телефонски повици од Грција и од Турција.
Откако во Брисел биле испратени ДНК материјал и отпечатоци од прсти на уапсените поради идентификација, најмалку еден од нив е пуштен на слобода во неделата попладне и против него не е подигнато никакво обвинение.
Абаду наводно контактирал со двајцата убиени во операцијата на белгиската полиција во четвртокот навечер во Вивиерс и го повикал братот не едниот од нив од Грција, наведе фламанската телевизија VTM. Тринаесет лица беа уапсени, од кои пет се веќе обвинети за припадност на терористичка организација. Двајца бегалци се уапсени подоцна во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.