| четврток, 6 декември 2018 |

Во 10 часот ќе се осветат водите на Охридското езеро

Богојавленскиот водосвет на водите на Охридското Езеро по повод големиот христијански празник „ Богојавление- Водици“ , ќе се одржи денеска на градското пристаниште со почеток во 10 часот.Светиот крст во водите на езерото, годинава, наместо од брод, ќе биде фрлен од пристаништето „ кај колцето“ .

По повод празникот „ Богојавление – Водици“,  света архиерејска василева литургија ќе се оддржи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско со почеток во 8 часот. Света василева литургија ќе се оддржи и во сите парохиски цркви во Охрид, освен на Плаошник. По завршувањето на литургиите, литиите ќе тргнат кон градското пристаниште.

Пред почетокот на богојавленското осветување на водите на Охридското Езеро и фаќањето на Светиот крст, во 9 часот присутните ќе можат да го следат настапот на градските хорови, а по завршувањето на церемонијата, во 11 часот ќе настапи музичкиот ансамбл „ Билјана- Јуниор“ . Во 14 часот во месноста „ Сараиште“ ќе се одржи традиционалното масовно богојавленско крштевање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top