| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: И Шилегов во станот има четири фирми?

Владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека портпаролот на опозициската СДСМ, има четири фирми регистрирано на адреса на негов стан, од кои две не се негови, а не пријавил колкава закупнина прима од нив, објави порталот „Фокс“.

– Дали, г-не Шилегов е точно дека во вашиот стан на булевар „Кузман Јосифоски Питу“ 19/5-4 од 87 метри квадратни во Скопје има пријавено дури четири фирми кои функционираат во тој еден стан? Од овие четири фирми, две се во сопственост на Петре Шилегов, адвокатско друштво „Шилегов“ и партнери и Нов осигурителен брокер АД Скопје, но многу позначајно е што две од фирмите не се во негова сопственост, „Блек Стоун Холдинг“ ДОЕЛ и „Урбан Солутионс“ ДОЕЛ.“, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат дека покрај тоа што Шилегов во Државната комисија за спречување корупција лажно пријавил приход од 700 евра, од имот во сопственост на сопругата, иако таков нема, тој не пријавил ниту дека овие две фирми кои не се во негова сопственост функционираат во неговиот стан за што треба да му плаќаат закупнина.

– Не одговоривте како остварувате месечен приход од 700 евра на име закупнина од имот кој не постои, но мора да одговорите каков приход остварувате од станот во ваша сопственост“, велат од владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top