Во центарот на Прага започнаа протести под името „Европо, разбуди се“, каде досега се собрале неколку стотици луѓе, во знак на несогласување со исламот по терористичките напади во Франција.
На демонстрантите, кои според полицијата се околу 400, им се приклучиле и повеќе јавни личности. Слични антиисламски протести последните денови се одржаа и во соседните земји на Чешка.
Учесниците носат транспаренти на кои пишува „Европо, разбуди се“ и „Исламот е зло“, а неколкумина нивни противници се собрале во непосредна близина со натписи „Сакам ислам во Чешка“.
– Не гледам во ова ксенофобија, ниту фашизам, тукуовде се собрани луѓе кои сакаат слобода, изјави Мартин Конвичка, еден од организаторите на протестот.
Со порака дека „исламот претставува терор“, тој истакна дека, според него, „владите и медиумите лажат тврдејќи дека терористите се некакви лоши муслимани“.
Конвичка го нарече пророкот Мухамед „садистички психопат“ и предупреди на „слепа исламска послушност“.
За време на собирот дошло и до помал судир, во кој интервенирала полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.