Петра Квитова е во одлилна форма пред настапот на првиот гранслем, популарниот Австралија опен, а високите амбииции ги потврди со триумф на ВТА турнирот во Сиднеј.
Во финалето на двапати со 7-6, Квитова беше подобра од Каролина Плишкова и го освои Сиднеј како попатна станица до Мелбурн и Австралија опен.
Највисок дострел на чешката тенисерка во Мелбурн е полуфиналето во 2012 година, а врв на кариерата и се двете гранслем титули во Вимблдон во 2011 година и лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



