| четврток, 6 декември 2018 |

Дупнати сите гуми на возило на УЈП во Охрид (ФОТО)

За време на редовните инспекциски контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат кои се одвиваа вчера во вечерните часови, од страна на несовесни граѓани оштетено е службено возило на УЈП со регистарски таблици СК 3135 АЦ паркирано во близина на плоштадот во Охрид, односно со остар предмет исечени се сите четири гуми на возилото. Од страна на Министерството за внатрешни работи направен е увид.

Od IFON 001

Управата за јавни приходи им порачува на локалните бизниси и несовесните граѓани, дека користењето на насилни методи насочени кон даночниците и уништувањето на јавните добра (службени возила и сл.) купени со парите од даноците кои ги плаќаат сите граѓани на Р. Македонија, нема да ги спречи, ниту да ги одложи контролите на УЈП, напротив само остава простор за поголемо сомнение дека во конкретното место, општина, реон…работат бизниси кои избегнуваат да платат данок.

Во рамки на редовните инспекциски контроли спроведени ноќта (помеѓу 15 и 16 јануари), во Охрид контролирани се 8 угостителски објекти, од кои во 2 се утврдени неправилности (“Кадмо“ и “Перла“), додека во Кичево контролирани се 6 угостителски објекти, од кои во 3 утврдено е дека во целост не е регистриран готовинскиот промет. За објектите кои не издавале фискални сметки изречена времена забрана за вршење на дејност од 15 дена, а за даночните обврзници изречена е глоба во висина до 3250 евра во денарска противвредност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top