Слободно лутете се, понекогаш може и да употребите некоај пцост, можете да си дозволите да бидете мрзливи, да слушате гласна музика и се тоа во функција на вашето здравје. Истражувањата што се прават во последно време уриваат многу предрасуди. Тие тврдат дека потиснувањето на емоциите не е здраво и затоа сега ги охрабруваат луѓето да манифестираат лутина, место да ја држат во себе. На списокот сè уште и забраните за пцуење, забраната да се биде мрзлив, забраната за слушање гласна музика, за играње видеоигри. За сите овие активности порано велеа дека не се добри за нашето здравје, но сегашните истражувања покажуваат дека е подобро да се ослободиме од негативните емоции отколку да ги чувате во себе.
Иако не предупредуваа на тоа дека лутењето го покачува крвниот притисок, неодамна е откриено дека, сепак, лутењето не е здраво да се спречува и дека треба да се изрази затоа што тоа носи голема корист за организмот. Луѓето што покажуваат лутина кога ќе се најдат во кризни ситуации се поздрави и имаат нормален крвен притисок.
Пцуењето не е пристојно, но ја ублажува болката. Откриено е дека тој што пцуе може подобро да поднесе некоја болна ситуација. Научниците веруваат дека пцуењето е поврзано со адреналинот и на некој начин му служи на организмот за одбрана. Токму пцуењето на некои луѓе им обезбедило здрав кардио-васкуларен систем. Но, тоа не значи дека треба постојано да се употребуваат пцости, туку едноставно, да се најде мера и во оваа „активност“.
Здравствениот специјалист Петер Акст верува дека клуч за долг живот е мрзливоста. За разни болести е виновен стресот, кој превработените луѓе го имаат во изобилство. Луѓето што во слободното време му даваат предност на спиењето пред, да речеме, на играњето тенис, веројатно ќе живеат подолго. Тој што се слуша себеси на тој начин се запознава, живее во мир со самиот себе, а тоа неизбежно резултира со поквалитетен и поздрав живот. Едноставно, на човек му треба некогаш да не работи ништо, па затоа, одвреме навреме дозволете си таков третман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.