| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциск: Црквата не треба да ја заборави основната мисија

izbran-noviot-papa-FranceskoРимокатоличката црква не треба да ја заборави основната мисија да ја шири пораката на Исус Христос, затоа што во спротивен случај ризикува да биде сведена до една „сочувствителна невладина организација“, предупреди новиот папа Франциск.

Папата вечерва ја одржа првата јавна литургија во Систинската капела во присуство на 114-те кардинали, откако беше избран синоќа. Папата говореше на италијански јазик.

Првата богослужба на папата беше куса, само десет минути, за разлика од онаа на неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти, која беше долга и на латински јазик.

Франциск упати повик за пречистување на Римокатоличката црква и потчинување на Исус. Франциск истакна дека „животот е пат и кога ние ќе запреме на него, тоа не е добро, затоа што „наша цел е креативноста“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top