| четврток, 6 декември 2018 |

Кој може да заработи 13 милиони долари за два дена? (видео)

133437_1

Замислете дека сте на меден месец на тропски остров, каде што сте платиле прилично скапо за приватна вила и да ви се јават за службен ангажман. За колкава сума би го напуштиле островот за 48 часа?

Ваква одлука требал да донесе Бред Пит неодамна. Износот што го добил за оваа непријатност, била 13 милиони долари. Тројца познати актери, Бред Пит, Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро, добиле по 13 милиони долари за 2 дена снимање на краток рекламен филм за казино во Макао.

За оваа сума тие со месеци снимале долгометражни филмови, но предлогот на казино „Студио сити“ им ја обезбедува таа сума за само 2 дена работа. И тоа не е сè.

Режисер на рекламата е Мартин Скорсезе, а сценарист Теренс Винтер (Волкот од Волстрит).

Целиот буџет на рекламата е 70 милиони долари, што ја прави најскапата реклама во светот. Сопственици на казиното се Лоренс Хо и Џејмс Пакер, кои имаат  богатство од 2,4 милијарди долари и од 6,4 милијарди долари. Изградбата на самото казино чинела 2,3 милијарди долари, па оттука 70 милиони долари за рекламирање веќе не изгледаат толку многу.

Видете го првиот дел од рекламното видео:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top