| четврток, 6 декември 2018 |

Лаказет нова цел на Манчестер сити

Откако Сити му плати 35 милиони евра на Свонси за напаѓачот Вилфред Бони, сега има нова цел.

Како што пренесуваат одредени француски медиуми, новата цел на „граѓаните“ е најдобриот фудбалер на Лион, Аледсандре Лаказет, кој оваа сезона ги тресе мрежите на противниците.

Шампионот на Англија е подготвен да му понуди 32 милиони евра на Лион за одличниот напаѓач, но со оглед дека тимот се бори за шампионска титула во Франција, тешко дека така лесно би го пуштиле Лаказет во Премиерлигата.

За Лаказет интересирање покажа и Ливерпул на кого му е потребен таков напаѓач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top