Новиот циклус од 17 поетски карвани Друштвото на писателите на Македонија го почнува во Свети Николе. Во соработка со Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе, поетскиот караван на ДПМ во овој град ќе гостува утре (петок, 16 јануари) во 19 часот. Во големиот амфитеатар на Универзитетот ќе настапат 20 истакнати македонски автори од повеќе генерации. Тоа се поетите Раде Силјан, Стојан Тарапуза, Виолета Танчева Златева, Ресул Шабани, Христо Петрески, Кочо Топузоски, Веле Смилевски, Трајче Кацаров, Љубинка Донева, Иван Чаповски, Јордан Ѓорчев, Марина Мијаковска, Јусуф Сулејман, Ленче Милошевска, Борче Панов, Братислав Ташковски, Мирче Нешовски, Паскал Гилевски, Васо Николовски и Благој Самоников.
На отворањето на манифестацијата ќе зборуваат д-р Јордан Ѓорчев, од името на Славјанскиот универзитет, и Веле Смилевски, претседател на ДПМ. Договорено е оваа средба да биде традиционална и секоја година да се одржува во втората половина на јануари.
Новиот циклус поетски карвани Друштвото на писателите на Македонија во текот на оваа година ќе ги реализира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија. Покрај договорената соработка за оваа манифестација со библиотеките во Гевгелија, Куманово и Велес, со Домот на културата „Иван Мазов“ во Кавадарци, со литературните манифестации „Караманови средби“ во Радовиш и „Ганеви денови“ во Кожле, поетите ќе го продолжат карванот и во Струмица, Тетово, Битола, Штип, Лазарополе, Македонски Брод, Кичево, Демир Хисар, Крушево и Ресен. Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ во рамките на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, денот на раѓањето на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација. Во поетскиот караван на ДПМ низ Македонија ќе земат учество 80 поети од сите генерации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија


