| четврток, 6 декември 2018 |

Се поставува ограда околу „Воинот на коњ“ на скопскиот плоштад

plostad 1

Се поставува ограда околу споменикот „Воинот на коњ“ на плоштадот Македонија каде што се врши реконструкција на плочникот и се гради нова подна фонтана со прскалки. Работите ги изведува градежната компанија „Трансмет“ за 2,4 милиона евра.
Од Град Скопје велат дека реконструкцијата на плоштадот ќе биде завршена летово. Во наредниот период ќе се замени плочникот околу споменикот, кој ќе биде нареден како мозаик.
Подната фонтана, која се гради помеѓу споменикот и Kамениот мост, е со димензии 15 на 15 метри и се состои од 128 прскалки. Според проектот, на плоштадот Македонија ќе се постават и нови канделабри, клупи и канти за отпадоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top