Возачот на Наскар, Курт Буш, верува дека неговата поранешна девојка е „трениран убиец“.
– Сите велат дека сум луд, но јас живеев со неа и знам – изјави Буш, кога неговиот адвокат Расти Хардин пред судот го прашал дали мисли оти Патриша Дрискол е платен убиец.
Подоцна, во интервју, Дрискол го нарече Буш „блесав“ и додаде дека неговото сведочење е „инспирирано од измислено сценарио за филм“ на кое таа работела осум години.
Буш се појави на суд поради барањето за забрана на секаков контакт кој го поднела неговата поранешна девојка, и сега се обидува да ја дискредитира на сите начини.
Тој пред судот неколку пати ја нарече убиец и тврдеше дека таа била инспирација за женски лик во филмот „Zero Dark Thirty” во кој се опишува потрагата по агентот на ЦИА за Осама бин Ладен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.