| четврток, 6 декември 2018 |

Убивал само жени во црвено, најмладата жртва имала 8 години

Серискиот убиец, кој поради начинот на кој распарчил и убил 11 жени, познат како „кинески Џек Мевосек“, уапсен е 30 години од како ги извршил крвавите убиства.

Гао Ченгјонг (52) призна дека помеѓу 1988 и 2002 години извршил 11 убиства во провинцијата Гансу и соседната област Внатрешна Монголија, соопшти кинеското Министертсво за јавна безбедност.

Тој бил уапсен во продавницата за намирници која ја води заедно со сопругата во баиџин, во северозападната провинција каде се извршени убиствата.

Гао е обвинет дека следел млади жени облечени во црвено за да ги силува и убие. На многу од нив им го пресекол вратот и ги испосекол нивните тела. на некои им ги извадил репродуктивните органи. Неговата најмлада жртва имала само осум години.

„Осомничениот е сексуално первезна личност и ги мрази жените“, соопшти полицијата во 2004 година, кога првпат ги поврзаа злосторствата и понудија 30.000 долари за информација која ќе доведе до негово апсење.

Гао беше идентификуван откако негов роднина бил ставен во притвор поради ситен криминал, а неговата ДНК била дадена на анализа. Полицијата заклучила дека е во сродство со убиецот по кого трагаат 28 години, а ДНК на Гао се совпаѓал со ДНК на убиецот.

Засега нема објаснување зошто убиствата престанале во 2002 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top