
Во градот Анталија, во јужниот дел на Турција, денеска е прогласена вонредна ситуација поради поројните дождови и силни ветрови со брзина од 145 километри на час, кои беснеат од синоќа.
Бурата предизвикала бранови со височина од 12 метри, а патиштата во градот се затворени за сообраќај. Стотици дрвја биле откорнати и паднати врз автомобили, како и рекламни табли на продавници и канцеларии. Во многу квартови имало прекин на електричната енергија. На едно пристаниште потонале осум рибарски чамци и туристичко бротче. Во неколку општини во округот Анталија денеска не се одржувала настава во училиштата поради лошите временски услови.
Поројни дождови го зафатиле и округот Мугла, во југозападниот дел на Турција. Во реонот на Сејдикемер се излеале реки од своите корита и биле поплавени земјоделски површини. Еден повозрасен маж загинал откако се удавил во надојдената вода. Сообраќајот бил речиси блокиран поради поплавените патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


