| четврток, 6 декември 2018 |

Дени ја запроси девојката со помош на „С.А.Р.С.“

Тапанарот на „Браво бенд“ и поранешно момче на Сања НиколиЌ, Дени на креативен начин ја побара раката на девојка му, со која неколку години е во врска.

– Жаре од „С.А.Р.С.“ е мој голем пријател. Го замолив да сними видео во кое ќе ја испее нивната песна „Лутка”, а на крајот ќе ја замоли Тина да се омажи за мене. Нормално, таа блескаше од среќа и без размислување кажа “да”. Инаку, ова е една од нашите поомилени песни и токму поради тоа решив вака да ја побарам – изјави Дени за „Вечер“.

Двојката планира свадбата да биде во септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top