Првиот учесник во четвртфиналето на Купот на Италија е екипата на Милан која во првиот меч од осминафиналето пред своите навивачи на „Сан Сиро“ го совлада Сасуоло со 2-1 и со тоа им се освети за поразот од пред една недела во италијанската Серија А.
Екипата на Филипо Инзаги поведе во 38. минута преку голот на Пацини, но гостите во средината на второто полувреме со голот на Сансоне од белата точка го израмнија резултатот. Во финишот од мечот кога сите очекуваа продолжение, Најџел Де Јонг со прекрасен погодок го однесе Милан во четвртфиналето.
Милан во наредната рунда ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Торино и Лацио.
AC Milan vs Sassuolo (2-1) All Goals… by rubin7190
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)