| четврток, 6 декември 2018 |

Индиска ТАФЕ Груп заинтересирана за Македонија

tafe (3)

ТАФЕ Груп, во своите анализи за ширење на инвестициите ја анализира и Македонија.  Сопственикот и главен менаџер на компанијата ТАФЕ Груп, Малика Сринивасан денеска оствари средба со претседателот на Владата на Никола Груевски во рамките на официјалната посета на Република Индија.

ТАФЕ Груп е трета по големина компанија во светот која се занимава со производство на трактори, комбајни и земјоделска механизација, и има годишен обрт на средства од 2,5 милијарди долари. Оваа компанија има производствени погони во Република Индија и во Република Турција. На средбата Груевски им ги објаснил поволностите кои ги нуди Владата за водење на бизнис и инвестирање во Република Македонија.

tafe (2)

Имавме средба со компанија која е трет производител по големина на комбајни и трактори во светот. Тие размислуваат да отворат фабрика за производство на трактори и комбајни со помала моќност за што разгледуваат различни локации, така што ја презентиравме Македонија како одлично место за инвестирање, пред сопственикот на компанијата и пред менаџментот – изјави Груевски.

Сопственикот и главен менаџер на компанијата ТАФЕ Груп, Малика Сринивасан по средбата изјави дека нејзината компанија во своите анализи за ширење на инвестициите ја анализира и нашата земја. Малика Сринивасан магазинот Форбс ја вброи меѓу 100 најбогати, со проценето богатство од над 2 милијарди долари.

-ТАФЕ е присутна во 80 држави во светот и бараме да лоцираме место каде ќе може да започнеме со производство на трактори во регионот, а Македонија е една од државите која ја разгледуваме. Имавме продуктивни разговори денес со премиерот и министрите. Македонија денес е една од најстабилните држави, многу прогресивна, и многу пријателски настроена кон инвеститорите. Оваа е таа привлечност која ги носи луѓето во Македонија, инфраструктурата се развива многу добро. Гледајќи напред Македонија може да им овозможи на компаниите да биде порта кон Европа, како и кон ЦЕФТА земјите – изјави Малика Сринивасан, која воедно е претседател и на Амалгамајшн Груп.

Камал Ануја, кој е заменик директор на Амалгамајшн Груп и ТАФЕ Груп, истакна дека Македонија нуди поволни услови за инвестирање.

Сега бараме можност да инвестираме во производствени погони во регионот, а можеби и во Македонија, како би можеле да се прошириме од таму на другите европски пазари. Македонија е стратегиски добро лоцирана, имате добри договори за слободна трговија со земјите од ЕУ и тоа е можност која ја истражуваме многу сериозно – изјави Камал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top