| четврток, 6 декември 2018 |

Сепаратистите во Доњецк демантираат дека нападнале патнички автобус

сепартисти

Министерството за одбрана на така наречената Доњецка народна република ги оцени како дезинформации тврдењата дека „волонтерите“ се одговорни за пукањето врз автобусот со цивили во близина на градот Болноваха, јужно од Доњецк.

– Тоа е провокација од страна на Украина. Волноваха и нејзината околина е надвор од дострелот на нашата артилерија и се контролирани од вооружените сили на Украина. Најблиската батерија на ДНР е во село Телманово, на околу  50 километри од Волноваха – се наведува во соопштението.

Претходно, портпаролот на украинската армија изјави дека најмалку 10 цивили загинаа, а 13 се повредени откако бил гранатиран патнички автобус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top