Хуан Мартин Дел Потро имаше победнички кам-бек и тоа во вистинско време пред стартот на првиот гранслем во годината, Австралија опен. На АТП турнирот во Сиднеј популарниот Делпо го победи Сергеј Стаховски со 6-3, 7-6 и ќе биде подготвен за настап на гранслемот во Мелбурн.
Аргентинецот беше постојан член во топ-10 на светската ранг-листа во последните неколку години, но лани поради повреда на зглобот на раката пропушти 10 месеци. Во Сиднеј ја брани титулата од лани, а има и една гранслем титула од САД опен. Моментно Дел Потро е 338. на АТП листата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



