| четврток, 6 декември 2018 |

Долгот на државата намален за 65 милиони евра

долг

Последниве три месеци се намалува во континуитет долгот на државата. Во ноември во однос на октомври долгот на државата е намален за 65 милиони евра.

Заклучно со 30 ноември 2014 година, долгот на централната влада според податоците објавени на веб страницата на Министерството за финансии, е намален од 38,9 на 38,1 отсто од БДП. Јавниот долг, кој освен долгот на централната влада го вклучува и долгот на општините и јавните претпријатија, изнесува 45,5 отсто од бруто-домашниот производ. Ова во однос на октомври е намалување за 0,7 отсто, а во однос на септември за 1,1 отсто.

Причина за континуираното намалување на долгот, според Министерството за финансии, е намалувањето на издавањето државни хартии од вредност, како и исплатата на обврските кон ММФ. Намалувањето на задолжувањето по основ на ДХВ продолжи и годинава, така што на почетокот на месецов беа вратени 220 милиони денари во стопанството без да бидат издадени нови хартии од вредност. На крајот од годинава треба да се исплати и еврообврзницата што дополнително ќе го намали државниот долг за 150 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top