Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, ќе присуствува на свечената церемонија на отворањето на Светското ракометно првенство во Катар, што е на распоред в четврток.
Иванов ќе ги посети и нашите репрезентативци, кои ќе учествуваат на мундијалот со амбиции да се најдат во осумте најдобри, односно во битката за пласман на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.
Македонија ќе игра во групата Б со Тунис, Иран, БиХ, Хрватска и Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.