| четврток, 6 декември 2018 |

Нови рекорди на невработеноста во Грција

невработениНевработеноста во Грција достигна рекордно ниво од 26 проценти во последното тримесечје на 2012 година, додека мерките за штедење во комбинација со длабоката рецесија се одразуваат и на работната сила на земјата.

Во третото тримесечје од минатата година невработеноста изнесувала 24,8 проценти, а во последните три месеци на 2011 година 20,7 проценти.

Националната статистичка служба денеска објави дека 1,29 милион луѓе биле без работа во периодот октомври-декември 2012 година. Во старосната група под 25 години невработеноста изнесува 57,8 проценти. Меѓу жените процентот изнесува 29,7 проценти, а кај мажите 23,3 проценти.

Грција преживува благодарение на меѓународните заеми за спас, доделени во замена за тешка програма за намалување на трошоците и зголемување на даноците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top