Невработеноста во Грција достигна рекордно ниво од 26 проценти во последното тримесечје на 2012 година, додека мерките за штедење во комбинација со длабоката рецесија се одразуваат и на работната сила на земјата.
Во третото тримесечје од минатата година невработеноста изнесувала 24,8 проценти, а во последните три месеци на 2011 година 20,7 проценти.
Националната статистичка служба денеска објави дека 1,29 милион луѓе биле без работа во периодот октомври-декември 2012 година. Во старосната група под 25 години невработеноста изнесува 57,8 проценти. Меѓу жените процентот изнесува 29,7 проценти, а кај мажите 23,3 проценти.
Грција преживува благодарение на меѓународните заеми за спас, доделени во замена за тешка програма за намалување на трошоците и зголемување на даноците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


