| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во метро во Вашингтон, едно лице почина, а околу 60 се ранети

­ Едно лице почина, а неколку десетици се ранети и примени во болница по вчерашниот инцидент на една од најфреквентните метростаници во Вашингтон.

Во текот на денот во еден од тунелите на метрото се појавил силен чад, од кој биле погодени патниците во еден од возовите и луѓето кои чекале на станицата.

Надлежните органи добиле итна наредба да евакуираат стотици лица.

Околу 60 лица кои имале проблеми со дишењето се примени во болница. Двајца од нив се во тешка состојба.

Една жена почнинала на самото место, а лекарите претпоставуваат дека добила срцев удар.

Причината за појавата на чадот сѐ уште не е утврдена, а во тек е истрага. Движењето на две линии на метрото на станицата Ланфан­плаза, која се наоѓа во центарот на градот во близина на Конгресот, е стопирано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top