Чешкиот потполковник кој одлучи да ги врати оредните на НАТО, Марек Обртел изјави дека НАТО е злосторничка организација поради злосторничката политика на оние кои ја водат.
-NATO не би било такво доколку навистина служи само за одбрана на земјите членки од надворешна агресија, но е таква поради злосторничката политика на оние кои го водат. Тие делуваат под лажна парола на борба за слобода, демократија, човекови права и хуманитарни цели, а ја користат за агресија по целиот свет, рече Обртел.
Тој за „Вечерњи новости“ појасни дека злоупотребата на НАТО во пракса изгледа така што државата ќе биде нападната од било која причина, ќе стане неподобна, непослушна, „или едноставно светските хегемонисти имаа некакви интереси поврзани со неа“.
-Прво одвнатре се растура со медиумски кампањи, обоени револуции, чепкање по најчувствителните места, етнички поделби или верски разлики. Просто кажано се дестабилизира, наведува Обртел.
Според неговите зборови потоа се наоѓаат површни изговори или се користи пред тоа исценирано насилство над населението.
-Потоа настапува НАТО со своите единици спедени со хуманитарни организации и набљудувачки мисии, како наводни заштитници на човековите права и слободи. Бргу потоа доаѓаат „бизнисмените“ и почнуваат да ја обновуваат земјата, односно ги реализираат своите интереси, објаснува Обртел.
Тој оцени дека Босна и Херцеговина донекаде помина подобро отколку Косово.
-И најзакоравениот приврзаник на теоријата за тоа како рамномерно федерација, наведува Обртел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба