Покрај трошоците за свадбената прослава, младоженците сега имаат и нов екстра трошок, да ги покријат и авторските права за музиката која ќе ги забавува. Цената за авторските изнесува околу едно евро од човек, па доколку имате 300 гости на свадбата, ќе треба за издвоите уште 300 евра.
Kако што пишува Вечер некои од рестораните ги имаат подмирено авторските права за музиката, но затоа цената на менито им е повисока за минимум 2 евра. Угостителите пак посочуваат дека немаат таква заработувачка од свадбите за да ги плаќаат сами авторските права затоа и се одлучиле да нудат менија без или со платен авторски права за музиката. Законот за авторски права и сродни услуги стапи на сила септември 2010 година и со него се заштитуваат авторските права во областа на филмот, музиката и софтверот.
Во Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) ми рекоа дека имаат нов договор од недоамна и не се плаќало повеќе кај нив во агенција туку директно се плаќа на ресторанот и доколку ресторанот има договор со ЗАМП, има еден денар попуст од ЗАМП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.