Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, кој игра за европскиот првак Реал Мадрид, е добитник на највредното индивидуално признание „Златна топка“ што го доделува ФИФА за најдобриот играч за 2014 година. Популарниот ЦР7 по третпат во кариерата по 2008 и 2013 година ја добива оваа престижна награда освојувајќи 37,66% од гласовите.
Тој беше подобар од Аргентинецот Лионел Меси од Барселона со 15,76% од гласовите и од Мануел Нојер, кој е голман на Баерн Минхен и на актуелниот светски првак Германија со 15,72% од гласовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.