Викторија Бекам конечно откри зошто не се смее. Модната дизајнерка го призна тоа пред репортерот на списанието „Вог“, кој се осмели да и постави цели 73 интересни прашања. Запрашана кое поставувано прашање најмногу го мрази, Викторија одговори вака: „Зошто не се смееш?“
Интересно е дека репортерот што го правел интервјуто, се осмелил да и го постави токму ова прашање на познатата госпоѓа Бекам.
– Се насмевнувам само внатрешно, е одговорот на Викторија. Сепак имам одговорност кон модната индустрија, дополни дизајнерката.
Останатите 72 прашања покриваат многу теми – утринска рутина, нејзината омилена боја, филм кој ја натерал да плаче и што мисли за гардероба на нејзиниот сопруг Дејвид. Запрашана ако може да поминете еден ден со некој од историјата – жив или мртов, таа одговара без двоумење: „Мојот сопруг“.
Викторија уште изјави дека нејзините деца Бруклин, Ромео, Круз и Харпер ја научиле да сака безусловно.
Видете ги одговорите на Викторија Бекам на сите 73 прашања во видеото:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)






