Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Радамел Фалкао би можел да го напушти „Олд трафорд“ по завршувањето на позајмицата бидејќи менаџерот Луј ван Гал не му дава голема минутажа во тимот.
Холандскиот стратег во неделата не го повика Колумбиецот за мечот против Саутемптон, а Фалкао поради тоа го напушти „Олд трафорд“ пред почетокот на мечот, што беше дополнителен повод за англиските медиуми да пишуваат за крај на соработката.
– Фалкао не е повреден, само е испуштен од составот. Имаме голем број играчи што играат во континуитет и мораме да ги ротираме. Ја видовте нашата клупа, едноставно немавме простор за уште еден напаѓач – изјави Ван Гал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.