| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена црква во Кочанско

Непознат сторител викендов извршил кражба во црквата „Св. Атанасије“ во населбата Оризари, Кочанско.

Како што информираат од МВР, крадецот насилно ја отворил влезната врата на црквата, влегол внатре и повторно насилно ги отворил заклучените каси поставени во црквата и од нив одзел околу 10.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top