Барселона се враќа на победничките патеки и препознатливата игра со многу шанси и голови на еден натпревар откако вечерва во дербито на шпанската Примера дивизија на „Ноу Камп“ го победи актуелниот шампион Атлетико Мадрид со 3-1.
Триото фантастични напаѓачи Нејмар-Суарез-Меси беше творец на победата бидејќи сите играчи постигнаа по еден гол.
Нејмар искористи една несмасна интервенција на комплетната одбрана на Атлетико и ја смести топката во мрежата во 12 минута.
Најдобриот играч на каталонскиот гигант Лионел Меси започна една акција на која и претходеше играње со рака на Аргентинецот, но тоа судијата не го забележа, и успешно мина неколку играчи на противникот и му асистираше на Суарез за вториот гол во 35 минута.
Во 57 минута Меси по 294 лигашки натпревари одиграни за Барселона го направи и првиот пенал. Тој го фаулираше Хесус Гамез по што најдобриот шпански судија Маљенко оправдано досуди на белата точка. Сигурен реализатор беше Манџукиќ кој им даде надеж на своите соиграчи дека Атлетико може да си замине од Барселона непоразен.
Така не мислеше токму Меси кој покрај асистенциите и пеналот и самиот успеа да се запише во листата нс стрелци во 87 минута.
Со овие три бода Барселона се доближи на само еден бод зад лидерот Реал Мадрид на табелата, но кралскиот клуб има и натпревар помалку. Атлетико Мадрид остана на третото место со 38 бода.
Barcelona vs Atletico Madrid (3-1) All Goals… by rubin7190
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)