| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуирана редакцијата на „Соар“ поради бомбашка закана

Part-PAR-Par8068873-1-1-0

Редакцијата на белгискиот дневен весник „Соар“, беше евакуирана денеска по телефонски закани на човек кој се претставил како претставник на крајната левица.

Човекот навел дека протестира против начините на известување за нападот врз „Шарли ебдо“.

Ден по нападот во францускиот сатиричен весник, Соар објави карикатури на Мохамед, потег кој според анонимниот глас го поддржува крајната десница.

– Ќе има експлозија во вашата редакција. Разберете не сериозно, се заканил тој.

Полицијата ги евакуираше сите од редакцијата и го опколи реонот. По нападот врз Шарли ебдо, и други белгиски весници објавија карикатури на сатиричниот неделник на кои е нацртан пророкот Мухамед.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top