| четврток, 6 декември 2018 |

Мишел Вилијамс обвинета за расизам зашто позирала како Индијанка

michelle-652Актерката Мишел Вилијамс е обвинета за расизам откако за магазинот „Енадр“ (AnOther) позираше како Индијанка, пренесува „Дејли њуз“. Фотографијата многу бргу се прошири на интернет, а голем број медиуми и блогери ја окарактеризирале како навредлива за индијанската заедница.

Мишел на насловната страница е облечена во фармерки, карирана кошула и носи црн широк капут. Иако во приватниот живот има руса коса, на насловната страница е со црна долга коса исплетена во две плетенки украсени со пердуви. Веѓите ѝ се потемнети, а изразот на нејзиното лице потсетува на оние што се видени на постарите портрети на Индијанките.

Магазинот „Енадр“ и Мишел Вилијамс направија сериозна грешка со овие фотографии. Насловната страница мора да биде повлечена, а сите што учествувале во нејзиното креирање им должат извинување на членовите на индијанската заедница, стои во коментарот на „Џезебел“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top