| четврток, 6 декември 2018 |

Амеди Кулибали презеде одговорност за убиството на полицајката во Париз

Suspect's Wanted In Connection With Paris Terrorist Attacks

На интернет денеска се појави видео снимка на која маж кој се претставува како ликвидираниот терорист Амеди Кулибали, во името на џихадистичката група Исламска држава, презема одговорност за убиството на полицајката во Париз во четвртокот.

Во монтираниот видео запис мажот вели дека презел акција против полицијата и дека ја убил полицајката во париското предградие Монруж.

– Успеавме да ги усогласиме акциите за да се извлечеме истовремено, вели Кулибали во снимката, споменувајќи го притоа и нападот шти го извршија браќата Куаши врз францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ во средата.

Кулибали беше ликвидиран во петокот во акција на француската полиција за ослободување на заложниците кои тој ги држеше во еден супермаркет за кошер храна во Париз

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top