Британката Силвија Прескот проговорила за страшна тајна која ја мачела со децении. Таа објави дека нејзиниот татко, Оливер Гарсајд, со години ја мачел и сексуално злоставувал додека таа била тинејџерка.
Силвија не можела да ја раскаже својата приказна додека била жива баба ѝ. По смртта на нејзината баба, одлучила да отиде во полиција. Британката, која е мајка на синови кои се на 30, 29 и 25 годиншна возраст, жали што порано не пријавила во полиција. Нејзиниот татко, кој сега има 68 години, веќе е во затвор, каде одлежува затворска казна од осум години.
– Се надевам дека мојата приказна ќе им помогне на другите девојки да ги пријават своите душмани. Бев толку преплашена. Сето тоа се случуваше долго и беше многу одамна. Конечно собрав сила – раскажува Силвија.
Во текот на судењето, таткото-монструм се бранел така што велел дека ја злоставувал својата ќерка бидејќи немал пари за проститутки.
– Останав шокирана, каква е таа одбрана? Каков е тој човек? – изјавија Силвија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



