Дестинација Нант-Париз-Доха!!! Нека ни е среќен патот и успешно првенството…Македонија вечна!!! – напиша капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, на својот фејсбук профил. По одиграниот турнир во Франција, нашиот состав отпатува за Доха, каде ќе биде дел од светското ракометно првенство. Првата средба, против селекцијата на Тунис, Македонија ќе ја игра на 16 јануари во салата Лусаил, која може да прими 15.000 гледачи.
Распоред на натпреварите:
| 16 јануари | Хрватска – Австрија | БиХ – Иран | Македонија – Тунис |
| 17 јануари | Австрија – БиХ | Тунис – Хрватска | Иран – Македонија |
| 19 јануари | Хрватска – Иран | БиХ – Македонија | Австрија – Тунис |
| 21 јануари | БиХ – Тунис | Македонија – Хрватска | Иран – Австрија |
| 23 јануари | Тунис – Иран | Македонија – Австрија | Хрватска – БиХ |
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



