Српскиот интернационалец во редовите на Ливерпул беше јунак за „црвените“ откако успешно стрелаше уште во деветтата минута од натпреварот против Сандерленд во рамките од англиската Премиер лига.
Ливерпул ја продолжи низата од пет натпревари без пораз и полека но сигурно се искачува кон врвот на табелата и место кои води во европските купови следната сезона. Сега Ливерпул се наоѓа на осмото место со 32 освоени бода.
За Марковиќ ова беше гол првенец за Ливерпул во Премиер лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.